05 Јули, 2024
0.0459

Груевски: две нови големи инвестиции во Охрид

Објавено во: Економија 25 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Намалување на 50 милиони долг на општината, изградбата на игралиште на вештачка трева, асфалтирани улици и патишта, воведување на две нови авио линии кон Охрид-се само дел од реализираните проекти во двегодишниот мандат, со кои денес градоначалникот Никола Бакрачески се обрати на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека сите проекти кои ги реализирале се одговор до луѓето кои биле скептични што се може да се постигне за Охрид. Постигнатото, според Бакрачески било тешко остварливо поради ситуацијата во која општината била затекната, пренесе ТВМ. „50те милиони евра долг на општина Охрид заедно со јавните претпријатија и училиштата во Охрид, на најдобар можен начин ги илустрираат 50те милиони трикови за сиромашење и грабење на граѓаните на Охрид, и исто толкав број на изгубени надежи за економски просперитет на градот. Aко некој сеуште се сомнева дека Охрид е град во кој се е можно, ако некој сеуште се сомнева во моќта на нашите идеали и во силината на нашите капацитети, вашата бројност денес во оваа преполна сала е вашиот одговор“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Премиерот на државата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред граѓаните порача дека заедно со локалната од Охрид работат за доброто на граѓаните и досега и покрај тешката ситуација било направено многу. Груевски со посебен осврт на најавените странски инвестиции. „Првата фабрика која ќе почне да се гради во технолошко-индустриската развојна зона е таа на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ електрик која веќе најави инвестиција во оваа зона во висина од 15 милиони евра, и планирани 1000 нови работни места, за Охрид, за Струга, за Дебрца, за Вевчани и пошироко. Денес сакам да најавам дека ОДВ електрик во јуни започнува и со изградба на својот гринфилд објект, нов објект во зоната кој треба да биде готов во првите месеци од 2016та година. Сакам да истакнам дека додека се изгради оваа фабрика, во браунфилдот во кој веќе се работи, бројката на вработени од 60 лица ќе се зголеми за два до три пати.“-изјави премиерот, Никола Груевски. Груевски ја спомена и втората голема инвестиција, онаа на германската компанија Костал која според него ќе вложи 80 милиони евра во текот на неколку години во овој регион и бројни директни вработувања. Груевски информираше дека фабриката ќе почне да се гради најдоцна на почетокот на 2016, а ќе биде завршена најдоцна до крајот на 2016та, пренесе ТВМ од Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан