17 Декември, 2025
0.0462

Груевски и министрите во 11 часот ќе одлучуваат какви нови мерки ќе преземат во трговската војна со Косово!

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013 10:19

Добивај вести на Viber

За денеска во 11 часот е закажана владина седница на која ќе се одлучува што понатаму, откако вчера ескалираше трговската војна со Косово. Косово и Македонија вчера не постигнаа договор за укинување на ембаргото за македонските производи, воведено од косовските власти и за укинување на патните такси за косовските државјани воведени од македонските власти. Вчера средбата на министрите Ваљон Сaраќини и Мимоза Кусари – остана без конкретен договор. Двајцата министри најавија дека преговорите ќе продолжат во наредните денови. „Косовската влада е подготвена кога Република Македонија ќе ја повлече мерката за условен увоз на брашно, како и мерката за патни такси за косовските државјани, веднаш да го запре ембагорото за увоз на стоки од Македоднија – изјави министерката Кусари. Синоќа до доцна во ноќта македонските транспортери во знак на протест го блокираа граничниот премин. Револтирани беа и косовските државјани за кои беше нејасно, зошто тие би требало да плаќаат за влез во Македонија. Трговската војна меѓу Македонија и Косово го вклучи алармот и во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија бара сите страни во овој судир, што прераснува во целосно ембарго на официјална Приштина за македонските производи и патни такси за Косоварите при влез во Македонија, да се држат до обврските преземени во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). - Ние се стремиме кон појаснување на неодамнешните пријавени мерки и очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски во рамките на ЦЕФТА – рече портпаролот на Комисијата, Петер Стано. Дневник вчера јави дека е можно Македонија да воведе визи за Косовците доколку Приштина не го повлече целосното ембарго за македонските производи, од кое земјава трпи огромни штети.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди