17 Мај, 2024
0.0316

Груевски: Ќе растат платите и пензиите, ќе се враќаат долговите, и автопат до Охрид ќе има

Објавено во: Економија 18 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На редовната годишна конференција на стопанствениците од сите комори, околу 7000 бизнисмени денеска  имаа несекојдневна можност да го чујат речиси двочасовниот говор на македонскиот премиер Никола Груевски, кој ги убедуваше дека Владата е отворена за нив, ги образложуваше законските новини, ја пофали економијата, а пред приватниците најави и покачување на државните плати и пензии - до година.

Премиерот истакна дека позитивните податоци за ЕУ и солидните перформанси на реалниот сектор во првата половина од годинава се добра основа за реализација на очекувањата домашната економија да го оствари проектираниот раст од 2 отсто, кој наредните  две години се очекува да раст од 3,2 отсто во 2014 и 3,8 отсто во 2015 година. „Ве повикувам сите кои имате проблеми за кои верувате дека со интервенција на Владата може да се решат или за кои верувате дека се системски слабости и пропусти не се колебајте и во текот на следната недела испратете писмо до Владата“, рече Груевски кој настанот го искористи и за да ги „искара “ бизнисмените дека треба да бидат општествено одговорни, односно како што рече , да не мислат само на себе и на својот профит, туку да одвојат нешто и за општеството. Тој додаде дека покрај тоа што Владата работи на решавање конкретни проблеми на компаниите кои побарале помош, а усвоени се над 60 проценти барања во првиот циклус е, а сличен е процентот и во вториот. Во говорот Груевски се осврна на мерките за подобрување на бизнис климата и конкуреноста, а најави дека јавно ќе бидат објавени и имињата на должниците. „Владата на Република Македонија ќе почне јавно да ги објавува имињата на граѓаните кои должат 2.000 евра или повеќе, како и фирмите кои должат 5.000 евра и повеќе, рече Груевски и додаде дека со новиот закон за финансиска дисциплина ќе се предвиди рокот за исполнување на паричните обврски да не биде подолг од 60 дена, а во одредени ситуации, кога двете страни така ќе се договорат,  да не биде подолг од 120 дена . Груевски упати и лична закана кон некои од најбогатите бизнисмени за кои рече дека најмногу заработуваат но, и најмногу загадуваат, па говорот го искористи за да ги предупреди дека може да бидат затворени ако до април 2014 не ги исполнат еколошките стандарди за работа. Истовремено вети дека ќе продолжи трендот на изградба на големи инфраструктурни проекти како изградба на автопат Скопје-Свети Николе-Штип и Кичево-Охрид, за што владата планира да се задолжи од Кина. Истоа така рече дека ќе растат пензиите, а во буџетот за наредната година планирано е зголемување на социјалната помош за 5 отсто, на платите на јавната администрација, исто така за 5 отсто, како и зголемување на придонесот на самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 отсто. Во социјалниот дел рече и дека ќе расте додатокот за мобилност кој ќе изнесува 7.000 денари месечно и на додатокот за глуви лица на 4.000 денари месечно. Премиерот успеа и јавно му се заблагодари на својот вујко Јордан Мијалков,  од кој како што кажа, научил дека богат си онолку колку што даваш.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА