Груевски на Фејсбук: Доаѓаат подобри времиња, главата горе
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2018 16:31
Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по денешната пресуда од две години казна затвор која му ја изрече Кривичниот суд за случајот „Тенк“ на „Фејсбук“ напиша „доаѓаат подобри времиња“.
„Главата горе горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга. Вие одлучувате! Да живее Република Македонија“- напиша Груевски.
Груевски денеска не ја слушна пресудата во судот, а од партијата рекоа дека најверојатно тој е во Скопје.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




