17 Декември, 2025
0.2471

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Прва пресуда, прва реакција?

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018 10:25

Добивај вести на Viber

Прва пресуда, прва реакција. Пред два дена беше донесена пресуда за случајот „Тенк“ во којшто беше обвинет поранешниот премиер на РМ, Никола Груевски. Тој на својот фејсбук профил објави писмо во коешто детално елаборира за политичката позадина на овој случај како и за пресудата. 

„Политичкиот контекст на случајот.

На почетокот ќе тргнам од поширокиот контекст на овој случај, па потоа на конкретните детали. Како што кажав на почетокот на ова судење, така ќе започнам и со денешните мои завршни зборови. Овие судења, се класичнiи и чисти политички судења. Ова судење во овој предмет е дел од една политичко - судска хајка, еден класичен политички прогон во кој сум нападнат јас и повеќе мои соработници. Оваа политичка тортура не е случајна. Таа не е само заради тоа што во цели 11 години мојот политички противник беше 10 пати поразен од партијата ВМРО-ДПМНЕ на чие чело бев до пред неколку месеци и фрустрациите кои произлегле од тоа. Всушност беше поразуван од народот на оваа земја, како што пак ќе биде поразуван и тоа многу брзо. Целокупната операција за рушење на владата која ја предводев беше започната со цел редефинирање на државата и во тој контекст и промена на уставното име. Таа операција траеше неколку години, и во тој период бевме нападнати со сите средства, вклучително со нелегално прибавени аудио креирани матерјали, по што следеше инсталирање на СЈО кое времето покажа дека беше партиска инсталација во правниот систем на Република Македонија, која имаше задача да изврши прогон на мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на многу мои соработници со цел наше остранување од власт и од политиката. Во недостаток на елементарни докази за да бидам суден и за воопшто судот може да ги прифати предметите во процедура, се изврши притисок, ненормалното да стане нормално. Нелегално стекнатите и креирани снимки, под надворешен притисок, судот да ги третира како легални. Без прифаќање да се напрви вештачење на тие снимки, без судот да има увид во оргиналните снимки и без друг пример во било кое друго законодаство во светот, како и спротивно на член 12 став 2 од Законот за кривична постапка на РМ (ЗКП). Судот под притисок стана заробеник на партијата на власт. Но, нема долго да трае тоа“, се вели во текстот.

Целиот текст прочитајте го подолу.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски