17 Декември, 2025
0.0898

Груевски: Растот на индустриското производство позитивен показател

Објавено во: Економија 29 Август, 2013 14:50

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека растот на индустриското производство во јули за 3,9 проценти и за 2,2 проценти во првите шест месеци од годинава е позитивен показател.

Најави дека како Влада ќе продолжат со активности кои ќе резултираат со позитивни движења во економијата.

- Тоа се позитивни податоци и движења и како Влада ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции. Тоа е возможно со повеќе активности во креирањето поволна бизнис клима преку менување и спроведување закони кои се во интерес на бизнисот, со промоција на земјата пред странските инвеститори, како и со решавањето на многу проблеми на бизнисмените, активност која предвидува постојана комуникација меѓу Владата и компаниите. Тоа е она што предвидува постојан напредок, изјави Груевски по промоцијата на новите наслови од проектот за превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најреномираните универзитети.

Според него, добро е што македонската економија бележи позитивни движења во време кога во земјите од Европската унија се уште се чувствуваат последиците од кризата.

- Посебно ми е драго тоа што Македонија почнува да има позитивни движења во време кога се уште Европската унија е во сериозна криза. Тоа не значи дека таа кај нас не се чувствува, меѓутоа почнуваат одредени позитивни движења кои не охрабруваат да продолжиме со нашите активности за тие да се зајакнат и во иднина, нагласи Груевски.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно