17 Декември, 2025
0.0447

Груевски: Владата има отворен, активен и конкретен пристап кон бизнис заедницата

Објавено во: Економија 18 Септември, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски денеска ги повика претставниците на бизнис заедницата да ја искористат отвореноста на Владата и да ги пријават своите идеи и проблеми во работењето. Информира дека во тек е оглас до сите компании кои сакаат да бидат посетени од тимови на Владата да се пријават, а тие наскоро ќе контактираат со нив и ќе закажат средба.

- Ве повикувам сите кои имате проблеми за кои верувате дека со интервенција на Владата може да се решат или за кои верувате дека се системски слабости и пропусти не се колебајте и во текот на следната недела испратете писмо до Владата. Тимови кои се под нивно раководство многу брзо ќе ви се јават за средба на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочувате, а кои се од доменот на нашите одговорности како Влада. Сметам дека ваква отвореност, активност и конкретен пристап на Владата немало никогаш претходно во Република Македонија, а не познавам ниеден таков случај во ниедна друга земја. Независно кој како ќе го окарактеризира ова јас знам дека можеби половина од мерките што ги преземавме во последните шест години ги преземавме како резултат на сознанија од овие активности и овој пристап. Искористете ја оваа отвореност на Владта и ако имате идеи и проблеми пријавете се, рече премиерот Груевски обраќајќи се денеска пред бизнис заедницата во Македонија.

Тој додаде дека покрај тоа што Владата работи на решавање конкретни проблеми на компаниите кои побарале помош, се трудат да креираат и системско решение за секој проблем што во иднина би се јавил да може да се реши преку опрелени измени и дополнувања на закони, подзаконски акти и слично.

Информира дека степенот на реализација на усвоените барања во првиот циклус е над 60 проценти, а приближно таков е и во вториот циклус кога се посетени 165 компании со 225 барања.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески обраќајќи се пред присутните рече дека сака ова да стане традиционална средба и еднаш во годината премиерот да се обрати пред бизнис заедницата.

Посочи дека првата средба беше пред една година и оти оттогаш имаше многу позитивни настани. - Мислам дека ќе бидеме задоволни ако продолжи и во наредната година, рече Азески.

На средбата се присутни претствници на над 700 компании во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди