18 Декември, 2025
0.0438

Груевски влегува во извештајот на ЕП

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2018 08:51

Добивај вести на Viber

Случајот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија ќе се најде во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе биде пред европратениците. 

Групата на европските социјалдемократи и на зелените  поднесоа амандмани со кои се бара да се преиспита азилот кој  Унгарија му го даде на Греувски и да го екстрадира, а за судењето на поранешниот македонски премиер да се констатира дека било темелно и транспарентно.

„Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат  Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат,  се наведува во едниот од двата амандмани на  социјалдемократите. 

Во другиот се бара во Извештајот да биде нагалсено дека, Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор во по транспарентен судски процес, оти пресудата е потврдена од повеќе судови  и оти е обвинет и инволвиран и во други кривични истраги.

За амандманите на социјалдеморкатите се очекува мнозинска поддршка, вклучително и од Европската народна партија (ЕПП), во која членуваат и Фодекс на унгарскиот премиер Виктор Орбан и ВМРО-ДПМНЕ, партијата каде Груевски е почесен претседател.

Унгарија и пред два месеци се најде на тапет на Европскиот парламент, откако мнозинството европратеници го поддржаа барањето за активирање на членот 7 што би можело да доведе до суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ. Тогаш владата на Орбан беше посочена дека замолчува независни медиуми, за активности против невладини организации и за отстранување независни судии.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери