28 Ноември, 2024
0.0284

Груевски во Казахстан, се ловат нови инвеститори!

Објавено во: Економија 23 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Пред  три илјади учесници на 4-тиот Економскиот форум „Астана 2013“, во Казахстан, македонскиот премиер Никола Груевски истакна дека благодарение на цврстиот систем на фискални, монетарни и финансиски политики, Македонија успеа полесно да се соочи со негативните прелевања од глобалната криза. Посетата на Казахстан владината делегација најави дека ќе ја искористи за презентација на Македонија како одлична бизнис дестинација бидејќи дел од форумот, освен познатите компании од Казахстан, се и повеќе други големи меѓународни компании. Како што истакна Премиерот, економскиот форум во Астана се одржува во време на обновен ентузијазам за перспективите на светската економија. Другите брзорастечки економии во подем, како Казахстан, се доказ за тоа дека во блиска иднина се отвораат нови поглавја на просперитет, а со тоа нови пазари и нови можности за инвестирање. И покрај економското закрепнување, предизвиците се и понатаму присутни, особено во однос на стабилноста на глобалниот финансиски систем, посочи Груевски, . „Македонија има стабилна макроекономска политика со низок јавен долг од 33 проценти од БДП што е петтиот најнизок таков долг во Европа. Имаме ниска инфлација која изнесува 2 до 3 проценти во последните 15 години и стабилна валута која што е врзана со Европа. Банкарскиот сектор е многу стабилен, наведе Груевски и додаде дека Македонија е земја со најниски трошоци за водење бизнис во Европа, вклучително и најниски даноци во Европа. На пример, посочи, данокот на добивка изнесува 10 проценти но само за компаниите коишто ја дистрибуираат добивката на дивиденди, а оние кои не го прават тоа плаќаат нула процент давачка на добивка. Тоа е доволно да се зголеми капитализацијата на компанијата, да се реинвестира добивката бидејќи не треба да плаќаат данок на добивка. Ова важи за неограничени износи во неограничен број години“, истакна Груевски пред присутните. Тој уште еднаш повтори дека земјава се најде на листата најреформските ориентирани земји на листата DOING Business на Светска Банка, а се пофали и дека неколку години по ред напорите и реформите за подобрување на бизнис климата даваат резултати. „Постојат уште предизвици кои треба да бидат надминати и со кој светот и современите економии треба да се соочат. Во блиска иднина, предизвикот е да се задржи балансот помеѓу растежот и ранливоста, истовремено не заборавајќи дека европската интеграција има бројни предности“, изјави Груевски во своето обраќање. За претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, важно е државите да посветат внимание на економијата, енергијата и животната средина, кои обезбедуваат стабилност и просперитет. Казахстан останува отворен за економска соработка и развој на инвестициските можности како важен сегмент во надминување на предизвиците од економската криза, наведе Назарбаев.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи