17 Мај, 2024
0.0264

Груевски во Принстон ги повика американските компании да инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во рамките на економскиот дел од работната посета на Соединетите Американски Држави, владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, синоќа, присуствуваше и се обрати на бизнис форум во американскиот град Принстон, Њу Џерси, каде што пред триесетина претставници на американски компании од областа на производството, медицината, туризмот, автомобилската индустрија беа претставени поволностите за инвестирање во Македонија.

Премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, во своето обраќање се осврна на поволностите кои нашата земја ги нуди за странските инвеститори, а кои пред се, се огледаат во најниските трошоци за водење бизнис во Европа.

- Македонија континуирано ја унапредува бизнис климата и добива позитивни оценки од релевантните меѓународни организации за тоа што го прави. Заради нашите реформи и добра бизнис клима, во изминатиов период голем дел на странски компании отворија капацитети во Македонија или донесоа одлука за отворање бизнис, и тоа е најдобриот доказ дека има резултати, истакна премиерот Груевски.

Тој ги повика американските компании да ја посетат Македонија и да се уверат во она што се презентира на бизнис форумот.

- Би ве поканил сите вас што сте заинтересирани да инвестирате во Европа да ја посетите Македонија и да разговарате со инвеститори од странство кои веќе инвестираат во Македонија во последните години, да ги проверите сите овие работи за кои зборувавме, затоа што е многу покредибилно некој што веќе инвестирал да зборува за ова отколку Владата и да ви се потврди дека и самите инвеститори ќе го кажат истото што ние го кажуваме. Да анализирате и да ги споредите поволностите што ние ги даваме со поволностите на други земи во Европа и пред да донесете одлука да ги согледате сите информации за Македонија, бидејќи силно веруваме дека ќе видите оти Македонија е вистинското место за вашата инвестиција, изјави шефот на Владата во своето обраќање.

Вицепремиерот Зоран Ставрески се осврна на нискиот даночен пакет и на стабилноста на макроекономските индикатори кои гарантираат предвидливо и добро бизнис опкружување.

- Стартуваме денес од Принстон, па продолжуваме во Чикаго и Бостон, каде што имаме презентација на условите за инвестирање во Република Македонија, со цел да заинтересираме и нови американски компании. Како што знаете, во Македонија, веќе се присутни некои американски компании како што се „Џонсон Контролс“, „Кемет Електроникс“, но има и некои други компании од други сектори со кои сме во преговори, така што верувам дека имаме што да кажеме и презентираме. Интересот е голем кога станува збор за Република Македонија како дестинација со најниски даноци во Европа, со поволна бизнис клима за инвестиции, имаме и макроекономски добри и стабилни услови и сето тоа кај американските компании наидува на интерес, изјави Ставрески.

Американските бизнисмени присутни на настанот позитивно ја оценија владината стратегија за привлекување странски инвестиции.

- Ова е добра можност да се видат сите поволности кои Македонија ги нуди на странските инвеститори. Како човек од бизнисот, кој работи бизнис во областа на здравствената заштита согледав извонредни можности. Ова е многу пријателски настроена земја и можно е да се насочи дел од нашиот капитал во Македонија, изјави Хенри Аморосо од компанијата „Невел Кемпбел“.

Министерот Веле Самак во својата презентација се осврна на можностите за покривање на поголем пазар со производство од Македонија, што се обезбедува преку договорите за слободна трговија, како и прифатливата цена на трудот кој би можел потенцијално да се ангажира од инвеститорите.

Директорот на Агенција за привлекување странски инвестиции Висар Фида ги презентираше даночните ослободувања кои постојат во технолошко-индустриските развојни зони и државната помош која се дава на инвеститорите за градење капацитети и обука на вработените.

Владината делегација денеска продолжува со презентација на поволностите за странски инвестиции на бизнис форум во Чикаго

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА