Добивај вести на Viber
Директорот и претседател на Управниот одбор на Топлификација, Димитар Хаџимишев, се стекна со 30 акции од компанијата, со што бројот на акциите кој ги поседува Хаџимишев во Топлификација изнедува 2.684 акции.
На тргувањето на Македонската берза од пред 10-тина дена се истргуваа 1.357 акции на Топлификација по цена од 1.799 денари за акција. Според последните берзански податоци, Топлификација, како суперкотирана компанија, до сега има издадено 450.000 хартии од вредност.
Покрај Хаџимишев, членови на Управниот одбор на Топлификација се и Ефтим Поцев, Христо Кировски, Дине Илиев, Александра Мароевиќ и Бисера Крстевска.
Топлификација од неодамна ги врати лиценците за дистрибуција, снабдување и производство на топлинска енергија, и за 1 милион евра годишно ги издаде под наем своите топлани на Балкан Енерџи Груп.
Во меѓувреме Топлификација најави влез во бизнисот со струја и гас, и за оваа намена ја формираше фирмата Топлификација Инжинеринг.
Според деловниот план на Топлификација АД за наредните три години се очекува позитивен биланс на успех и тоа: за 2013 година добивка од околу 700.000 евра, за 2014 година добивка од околу 2,2 милиони евра и за 2015 година добивка од околу 2,6 милиони евра. Позитивниот нето готовински тек во 2013 година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015 година 3,1 милиони евра.
К.П.