27 Ноември, 2024
0.0246

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

В четврток, 12 декември, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Карипска вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи типични јадења од карипскиот регион.

Карибите ги сочинуваат повеќе од 7.000 острови од кои најголем е Куба, па менито на Карипската вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите специјалитети што ќе можат да се вкусат се одликуваат со карактеристични вкусови за Карибите, настанати под британско, шпанско, француско, холандско, африканско и креолско влијание. Токму ваквата разновидност ја прави карипската кујна исклучително оригинална и интересна.

Покрај специјалитетите кои се карактеристични за овој регион, посетителите на Карипската вечер ќе имаат прилика да ги вкусат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на карипските специјалитети.

На Карипската вечер ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови карипската атмосфера - синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали. 

Карипската вечер започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Hisense 65U8NQ: Светлина која зрачи со квалитет

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики