Хан ја заврши првата денешна средба со Димитриев-Кој е исходот?
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017 12:38
Еврокомесарот Хан средбите ги стартуваше со претседателот на Владата Емили Димитриев.
И двајцата ги поздравиле спроведените парламентарни избори оценувајќи ги како фер, кредибилни и демократски.
Разговарале и истакнале свои мислења и видувања за разни аспекти на актуелната политичка ситуација.
Беа акцентирани реформите кои се потребни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери и беше изразена посветеност кон продолжување на соработката во нивното спроведување.
Димитриев истакнал дека Владата во рамките на своите ингеренции е посветена кон реализација на сите потребни активности за водење на земјата и реализација на стратешките цели за европска и евроатланска интеграција.
Тој истакнал дека изјавите и постапките на определени политичари од соседните земји кои предизвикуваат негативни чувства кај граѓаните на Република Македонија не се во функција на унапредување на добрососедските односи додавајќи дека нашата земја ќе продолжи со спроведување на политики кои значат соработка со сите заинтересирани страни во регионот во сфери кои се од заеднички интерес.
Хан истакнал дека Европската унија го почитува интегритетот на Македонија и нашата европска иднина. Соговорниците истакнаа дека е битно да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




