20 Ноември, 2024
0.0259

ХЕМИЈА,ФИЗИКА, БИОЛОГИЈА... ПОСЕБНИ ПРЕДМЕТИ, НО ДАЛИ КЕМБРИЏ ПРОГРАМАТА ЌЕ СТАНЕ ИСТОРИЈА? Наставниците и родителите бараат континуитет

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

По години апели од наставниците, стручната јавност и родителите, Министерството за образование конечно направи значаен чекор кон подобрување на квалитетот на основното образование. Проблемите кои ги имаа учениците кога почнуваа прва година во средните училишта во делот на клучните предмети како историја, географија, биологија, физика и хемија, можеби конечно ќе бидат надминати. Од следната учебна 2025/2026 година, овие предмети ќе се враќаат како посебни дисциплини во наставата, со што ќе се исправат недостатоците предизвикани од претходната Концепција за основно образование.

Во изминатите години, укинувањето на овие предмети и нивното интегрирање во единствена наставна единица наиде на жестока критика од наставниците и експертите. Концепцијата која беше донесена во изминатиот период предизвика многу дилеми и незадоволство, особено поради кратењето на содржини од исклучителна важност за образовниот развој на учениците.

Министерството за образование објави дека новата концепција предвидува постепено враќање на петте научни дисциплини како индивидуални предмети во третиот воспитно-образовен период – седмо, осмо и деветто одделение. Овој процес ќе се одвива етапно и ќе трае три години, започнувајќи од учебната 2025/2026 година.

Што ќе донесе новата концепција?

Според соопштението на Министерството за образование, измените се направени врз основа на сугестиите добиени од јавната расправа за Концепцијата. Бирото за развој на образованието работеше на подготовката на нови, унапредени содржини, кои ќе ги враќаат старите научни дисциплини со појасни насоки за нивна реализација. Со ова, ќе се изработат нов Наставен план и нови наставни програми за седмо, осмо и деветто одделение.

Дали ќе се укинува Кембриџ програмата?

„Враќањето на хемијата како посебен предмет е многу значаен чекор за учениците и нивниот понатамошен образовен пат. Сепак, важно е овие предмети да не се базираат на Кембриџ програмата, бидејќи таа се покажа како несоодветна за нашите образовни стандарди. Програмите по Кембриџ немаат никаква допирна точка со наставните програми во средните училишта, што често доведува до тоа децата да се соочуваат со огромни потешкотии кога ќе започнат со средното образование. Се надеваме дека ќе има јасен континуитет во наставните содржини за да се избегнат вакви проблеми“, вели во изјава за Фактор, наставничка по хемија во едно од најуспешниоте основни скопски училишта.

„Како наставници, често сме сведоци на тоа колку тешко се снаоѓаат учениците кога ќе преминат во средно училиште, токму поради несоодветноста на програмите по Кембриџ. Многумина од нив, за жал, доживуваат вистински крах, бидејќи содржините кои ги учеле во основното образование не се поврзани со она што ги очекува во средното. Се надевам дека враќањето на физиката како посебен предмет ќе донесе не само квалитетна настава, туку и програми кои ќе обезбедат природен тек и подготовка за следното ниво на образование, посочува професор по физика.“

Реакција од родителите:

„Години наназад сме сведоци на тоа како децата не се подготвени за предизвиците во средното образование, особено по предмети како хемија, физика, математика, биологија. Тие никогаш не решавале задачи од овие предмети во основното образование, па кога ќе стигнат во средно училиште, буквално не знаат каде се наоѓаат. Наставните програми според Кембриџ концепцијата само го отежнаа овој процес, бидејќи се тотално несоодветни со концептот од средно школо. Професорите во средните училишта не можат, а и често не сакаат да се занимаваат со оваа празнина. Тие очекуваат учениците да поседуваат одредени знаења кои, за жал, најголем дел од нив не ги стекнале. Единствено децата кои оделе на натпревари и имале дополнителна настава со своите наставници се најспремни. Но, тоа е мала група. Останатите навистина се соочуваат со сериозни проблеми и голема фрустрација.

Се надеваме дека враќањето на овие предмети како посебни дисциплини ќе ја укине Кембриџ програмата која се покажа како бескорисна и нефункционална. На децата им требаат практични знаења и систем кој ќе ги подготви за средното образование, а не концепт кој само добро звучи на хартија, но не функционира во реалноста.“

Овој чекор, според наставниците и родителите, не само што ќе ги подобри образовните стандарди, туку и ќе им овозможи на учениците подобро да се подготват за предизвиците на средното образование. Со враќањето на старите предмети, се очекува да се зајакнат знаењата на учениците во клучните области и да се обезбеди подобра основа за нивниот натамошен развој.

Следниот чекор во овој процес е подготовката на новите наставни програми, кои ќе бидат имплементирани етапно во наредните три учебни години. Овој потег е значајна победа за сите оние кои со години укажуваа на недостатоците на претходната Концепција и се залагаа за враќање на квалитетот во основното образование.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радмила Шекеринска e назначена за заменик-генералeн секретар на НАТО

РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана

РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана

СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата

СОВЕТOT НА АМБАСАДОРИ ЗА НОВАТА ФУНКЦИЈА НА ШЕКЕРИНСКА: Toa е голем успех за државата

ЛИСТА НА AIR VISUAL: Скопје е на шестото место меѓу најзагадените градови

ЛИСТА НА AIR VISUAL: Скопје е на шестото место меѓу најзагадените градови

ХАОС: Повторно се запали автобус на ЈСП

ХАОС: Повторно се запали автобус на ЈСП

РАДЕВ ЈА ДЕМАНТИРА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели дека разговорот во Баку не бил како што кажа македонската претседателка

РАДЕВ ЈА ДЕМАНТИРА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели дека разговорот во Баку не бил како што кажа македонската претседателка

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски