ХЕЗБОЛАК ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ: Израелски фармер загина од противтенковски проектил
Објавено во: Свет 07 Декември, 2023
Израелски фармер загина од противтенковски проектил на Хезболах во Горна Галилеја.
Цивил загина денеска од противтенковски проектил лансиран од либанска територија кон возило во селото Матат во Горна Галилеја, регион во северен Израел.
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, а силите на ИДФ возвраќаат со артилерија. Одговорноста за нападот ја презема Хезболах.
Во средата, министерот за одбрана Јоав Галант се состана со општинските водачи од северен Израел.
„Кога ќе ја завршиме борбата во Газа, ќе бидеме во поинаква реалност каде што воените напори ќе бидат најмногу концентрирани на северот, бидејќи ја знаеме пропорцијата меѓу Хезболах и Хамас“, рече Галант.
Стотици тенковски гранати го погодија бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, иако израелските копнени операции сега се фокусирани на југот на енклавата, јавува Би-Би-Си.
Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел.