17 Декември, 2025
0.0611

Холандија се соочува со лоша економска состојба

Објавено во: Свет 12 Декември, 2012 16:25

Добивај вести на Viber

Потфрлија проценките за холандската економија, земјата е во полоша состојба отколку што се очекуваше, соопшти Централната банка на земјата, пренесува Reuters. Според шестмесечниот извештај економијата се очекува да се намали за 0,6% во однос на растот од очекуваните порано 0,6%. Се очекува растот да се врати во 2014 година со пораст од 1%, што сепак е намалување во однос на претходната прогноза за зголемување од 1,2%. Според експертите на централната банка дефицитот ќе се намали до 3,5% од БДП во 2013 година во однос на нивото од 4,1% оваа година. Нивото на дефицитот, според новата прогноза, останува над прогласената од ЕУ граница од 3% и е зголемена во однос на претходните очекувања за дефицит од 2,9%. Холандија e петтата по големина економија во еврозоната, но иако е дел од “јадрото” на монетарната унија, има проблеми со падот во цените на куќите, падот во градежништвото, намалувањето на потрошувачката и инвестициите, владините мерки за штедење, намалување на извозот и должничката криза во еврозоната. Во третиот квартал на 2012 година холандската економија се намали за 1,1% во однос на претходната квартал, а според податоците на Еуростат од ноември невработеноста во земјата се зголеми до 15-годишен максимум, пренесува economy news.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави