16 Декември, 2025
0.0457

Холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ се подготвува за нова потенцијална инвестиција

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ Груп, Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Ван Хоол Македонија и Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, на која се разговараше за моменталната состојба на двете компании, како и за понатамошните планови и можности за инвестирање во рамки на зоните.

Димовски, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, ја посочи важноста на континуираната поддршка за сите компании кои работат во рамки на ТИРЗ, потенцирајќи ги можностите за инвестирање кои ги нуди Македонија. Во таа насока, тој истакна дека во соработка со Владата и сите останати институции, активно се работи за уште подобри услови за инвестирање, што позитивно ќе влијае на националната економија.

- Од страна на менаџментот на ВДЛ Ван Хоол беше изразено особено задоволство за досегашната соработка, при што беа презентирани тековните активности на компанијата, како и плановите за во иднина. Дополнително, беа нагласени и стратешките цели за континуиран раст, унапредување на производствените процеси и креирање на нови работни места.

Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, како долгогодишен деловен партнер на ВДЛ групацијата, истакна дека Македонија со својата стабилна бизнис клима претставува атрактивна дестинација за инвестирање. Тој истакна дека производите на компанијата се користат низ целиот свет во најсложените апликации, исполнувајќи ги исклучително високите барања за квалитет - се посочува во соопштението кое Дирекцијата на ТИРЗ го испрати до медиумите.

Инаку, компанијата е производител на надворешни и внатрешни запчаници, менувачи и пињони/пињонски вратила, а со своите ултрамодерни машини е во можност да извршува разни тешки механички процеси, користејќи најнови CNC техники и машини за да се гарантира најдобар квалитет и време на извршување. 

Производите се наменети за бројни индустрии, како рударската, челичната, нафтената и гасната индустрија и индустријата за одржлива енергија.

Фото и извор: МИА

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи