16 Декември, 2025
0.0499

Хороскоп израдува двајца добитници со 30.000 денари

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2014 16:20

Добивај вести на Viber

Ѕвездите се смешкаат, носат среќа и забавуваат многу љубители на астрологијата и Екпрес лотаријата. Уште во првиот месец од лансирањето на најновиот лоз на Државна лотарија на Македонија, ги имаме првите двајца добитници на највредната добивка-30.000,00 денари, во Екпсрес Лотаријата Хороскоп.

Дамата на која и се насмевнаа ѕвездите во јуни е Росица Дукова од Гевгелија.  Таа е вработена во компанијата Сивус. Последнава година редовно гребела по еден лоз  неделно.  Посакала да ја проба и најновата игра на среќа на Државна лотарија на Македонија.  Во петокот, додека се шетала низ  трговскиот центар Скопје Сити Мол одлучила да го купи Експрес лозот Хороскоп. Кога се качила во автобус, враќајки се до дома, мислела дека треба да го изгребе, но сфатила дека овој лоз е различен од игрите кои практикувала да ги игра. Го отворила Експрес лозот Хороскоп и кога прочитала која и е добивката, прво не  и се верувало. Се симнала од автобусот и се упатила во првото продажно место со знакот на Детелинката за да провери дали навистина тоа е добивката и дали навистина ја добила.

Росица досега немала поголема добивка, но често се радувала на помалите добивки од 30 и 40 денари кои најчесто ги користела за нов лоз. Интересно е што откако ја добила добивката на овој лоз, си купила уште еден лоз кој и донел помала добивка од 80 денари.

Орце Трајковски од Кратово е првиот  кој ја отвори сезоната на добивки од 30.000, 00 денари во Екпрес лозотот Хороскоп, иако ние предност и дадовме на дамата. Во хороскоп е Јарец, па се обидел да ја проба нивната среќа во  оваа интересна игра на Државна лотарија на Македонија.  И тој како Росица е вљубеник во Инстант лотаријата, кој одлучи првпат да го проба Експрес Лозот Хороскоп. Досега најчесто добивал помали добивки, па  затоа мошне го израдува добивката од 30.000,00 денари во Екпрес лозот Хороскоп, посебно затоа што среќата му се насмевна уште со првиот лоз.

Само за потсетување најновиот Експрес лоз на Државна лотарија на Македонија, под името ХОРОСКОП беше пуштен во продажба на 5 јуни.

Под мотото Отвори и види што носи твојот хороскопски знак денес, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата. Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20  до 30.000 денари, со влог од 20 денари.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави