01 Декември, 2024
0.0248

Цените на храната достигнаа 6-месечен максимум!

Објавено во: Анализа 06 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Организацијата за храна и земјоделство на ОН соопшти во неделата дека цените на храната повторно почнаа да се зголемуваат, достигнувајќи го својот 6-месечен максимум и веќе се приближуваат до максималното ниво од пред почетокот на финансиската криза во 2008 година. Засега нема знаци за појава на масовни бунтови за храна во светот, но тоа порано или подоцна ќе се случи, вели Лестер Браун, претседател и основач на „Earth Policy Institute“ и автор на новата книга „Полна планета, празни чинии: нова геополитика против недостигот на храна ". Од една страна постојано расте побарувачката на храна, поради зголемување на населението на Земјата. Човечката популација расте за речиси 80 милиони луѓе секоја година, а истовремено, поосочува Браун, се повеќе луѓе бираат што ќе јадат. Ова значи дека над 3 милијарди луѓе консумираат повеќе месо, млеко и јајца - производи за чие производство се користат житните култури. „Пребирливоста може да го замени растот на населението, кое досега беше главниот фактор за поскапување на цените на храната", вели Браун. Во исто време во САД, околу една третина од пченката оди за производство на етанол, кој се користи за биогоривата, па оттука според Браун,  поголем дел од пченката се користи за производство на гориво за автомобилите, отколку за храна на добитокот. Проблемот со скапата храна дополнително се влошува и поради тешката суша во САД, Русија, Украина, Пакистан и Казахстан каде што жетвата е драстично намалена. „Приносите од ориз во Јапонија не се зголемија. Истото се случува и со производството на пченица во Франција, Германија и Велика Британија", додава Браун. Тој не очекува дека оваа ситуација наскоро ќе се промени.Сето тоа води до зголемување на цените на храната во САД и поголема потрошувачка на увезени од Кина житни култури, а со тоа расте и потрошувачката на соја. Но во земји како Етиопија, Индија, Нигерија, Перу и Република Конго ефектот е многу драматичен. „Има милиони семејства во светот, кои се подготвуваат за гладување. Тие не можат да си дозволат да купат доволно храна по новите, високи цени", вели Браун.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.