ХРАВАТСКА ГАСИ СТРУЈА, ДРАМАТИЧНА СОСТОЈБАТА ВО РЕГИОНОТ: Соседството се подготвува за зимата
Објавено во: Економија 17 Август, 2022 13:09
Резервите на енергија се толку мали што едноставно нема да
бидат доволни за нормален живот.
Глобалните електроенергетски мрежи наскоро ќе се соочат со најголемиот тест во последните неколку децении откако производството на електрична енергија моментално е задушено во најголемите светски економии, пренесува „Блумберг“.
Дражен Јакшиќ, директор на Институтот за енергетика Хрвоје Пожар вп Хрватска ги коментираше цените на енергетските производи и сценаријата што се очекуваат наесен.
Што се однесува до цените на струјата, Јакшиќ рече дека тие на големо се многукратно повисоки од пред една година, а дел од нив се пренесува на потрошувачите, но и дека домаќинствата денес плаќаат многу пониска цена од набавната.
- Во секој случај, притисокот е голем поради влијанието на кризата во Русија и Украина, а и сега имаме ситуација дека ова е екстремно сува година во цела Европа, што го намали производството на електрична енергија од хидроелектрични електрани, што влијае на зголемување на цените на пазарот на големо. Како тоа ќе се одрази на цената на домаќинството зависи и од одлуките на Владата, но некој ќе треба да ја плати разликата. Во овој случај, тоа е голем товар за добавувачите, моментално за ХЕП, кој држи голем дел од малопродажниот пазар во Хрватска. Факт е дека имаме значително помало производство од хидроцентрали и поголема потреба од производство од фосилни горива и увоз, многу европски земји се соочуваат со слична ситуација. Би рекол дека ситуацијата е загрижувачка, но сепак не алармантна и се надеваме дека нема да има ограничувања - изјави Јакшиќ.
Алармантна е и состојбата во Македонија, пишуваат денеска српските и хрватските медиуми.
-Владата на Северна Македонија донесе збир на обврски за јавните институции и препорака до граѓаните и стопанството за заштеда на електрична енергија, кои ќе се применуваат од 1 септември годинава до 31 март следната година. Министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, на прес-конференција рече дека се планира намалување на потрошувачката на енергија за 15 проценти, наведуваат српските медиуми за состојбата кај нас.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




