16 Декември, 2025
0.0854

Кој отвора ново казино во хотел „Лимак“?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2023 10:52

Добивај вести на Viber

„Ројал Игл“, компанијата која од неодамна е дел од холдингот за приредување на игри на среќа „Новоматик“, ќе менаџира со новорегистрираното „Адмирал Казино Доо Скопје“. Од таму веќе објавија оглас за вработување на лица во казиното што ќе се отвора во хотелот „Лимак“ во Скопје.

„Друштвото за трговија и услуги „РОЈАЛ ИГЛ“ ДОО Скопје е нов правен субјект во Македонскиот деловен свет, кој е дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри. Со огромна чест и задоволство ВЕ ИНФОРМИРАМЕ дека во блиска иднина ќе го лансираме нашиот нов проект „ADMIRAL GRAND CASINO“, со локација во познатиот хотел Limak Skopje Luxury Hotel, во кое ќе се приредуваат посебни игри на среќа во казино со жива игра“, објави компанијата.

Новоматик АГ преку ХТЛ Македонија, покрај Ројал Игл, ги поседува уште и Ма Гаминг и Мастербет, а директно е сопственик на Макотен Гевгелија. Новоматик преку Макотен го поседува казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица, како и казиното во хотелот „Мериот“ во Скопје. Од останатите популарни казина во земјата, единствено „Принцес хотел и казино“ во Гевгелија не е под контрола на Новоматик.

Инаку „Лимак“ уште пред седум години кога го најавуваше својот мултифункционален деловно - резиденцијален комплекс, во својот проект покрај хотел и шопинг-мол, најави и изградба на казино.

Инаку за обезбедување на лиценца од Министерството за финансии за приредување на игри на среќа во казино потребно е да се платат основни 600.000 евра, посебни давачки од 23 отсто од разликата помеѓу уплатата и исплатата и фиксни надоместоци по маса за играње.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто

Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто