29 Ноември, 2024
0.0318

ХУМАНОСТA НА ДЕЛО: Колку облека донираат скопјани на годишно ниво?

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во Црвен крст на град Скопје на годишно ниво се собираат околу 20 тони облека, а со отварањето на продавницата за половна облека „Копче“, количината на донирана облека се зголеми за речиси 50%, и во последната година изнесува околу 30 тони, вели Александра Боева од Црвен Крст на град Скопје.

Генералната слика е дека има граѓани кои редовно донираат облека и имаат високо развиена свест за овој хуман гест. Меѓу донаторите има и нови луѓе кои досега не донирале, но сега почнуваат својата облека да ја подаруваат.

Боева додава дека во однос на донирањето на облека подеднаков е интересот и кај машката популација и кај женската, со тоа што најчесто жените се оние кои се интересираат за начинот на донирање, а мажите оние кои ја дистрибуираат спакуваната облека.

„Она што радува е  фактот дека младите се исклучително заинтересирани за селекција и донација на својата облека. Една од нашите цели е токму да ја развиеме свеста кај младите, да донираат здрава и сочувана облека и да влијаеме врз навиките за одговорно донирање, но и одговорно трошење. По отворањето на продавницата „Копче“, во процесот на собирање облека се вклучија и повеќе компании и организации во кои се поставени посебни кутии за донирање на облека. Често пати организациите прават свои акции и истите ги дистрибуираат до продавницата“- раскажува Боева.

Таа објаснува дека граѓаните имаат можност облеката да ја донираат на неколку локации во градот Скопје и тоа во 9  контејнери за облека, кои се поставени на неколку локации во градот Скопје. Во нив може да се донира облека 24/7, која се препорачува да е добро спакувана пред да се стави во контејнерот. Во продавницата „Копче“, на булеварот Кочо Рацин бр.11 во работно време од 09-17 часот од понеделник до петок, и сабота од 09-14 часот и во магацинот во Момин Поток, секој работен ден од 08-16 часот.

Понатаму, оваа облека ја добиваат семејствата на кои им е потребна.

„Селекцијата на облека се прави во неколку фази. Прво, се прави генерална селекција во нашиот магацин каде се одделува она што е здраво и добро сочувано, а се фрла она што, за жал, граѓаните го донирале, но е комплетно неупотребливо. Втората селекција се прави согласно потребите кои ги имаме на ранливите групи. На пример машката облека која се бара во Пунктот за бездомници се одделува за таму или пак за друга поголема целна група за која веќе имаме барање. Останатото се носи во малиот магацин за уште една детална селекција, а потоа сè што е потребно се пере и  пегла. Оттука, се одделува облека и за продавницата „Копче“ и за Пунктот за облека. Едната количина оди за продажба, а другата количина оди за бесплатно делење со ваучер. Ваучер може да добијат само ранливи групи како што се: бездомниците, болните лица, лица со попреченост, мигранти и бегалци, опожарени лица, поплавени лица итн. Секој кој е ранлив прво е потребно да разговара со социјален работник во Црвениот крст на град Скопје кога се прави проценка на неговата состојба и потребата од тоа кој тип на облека му е потребна. Оваа година за прв пат преку продавницата за половна облека „Копче“, секој граѓанин има можност да купи половна, но и нова облека по пристапни цени. Целта е да придонесеме во создавањето на еко-општество на одговорни граѓани со добри навики, каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Преку продажбата на облеката ја поддржуваме и поттикнуваме работната интеграција на социјално загрозени категории на граѓани“- вели Боева.


Сепак, апелира дека кај граѓаните треба да се развие свеста и да донираат само облека која е сочувана и може да се користи.

Граѓаните велат дека вишокот облека која е употреблива треба да се подарува наместо да се фрла. 

Неколку пати годишно донирам облека во просториите на Црвениот Крст. Обично се тоа по неколку кошули, панталони, блузи, маици, кои веќе не ми требаат. Сметам дека има луѓе кои многу почесто од мене купуваат нова облека, и секако дека можат да ја донираат постарата“ - вели девојка која донира. 

Во зимските денови кои наближуваат на ранливите категории ќе им биде потребна топла облека која не секој може да си дозволи да ја купи. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

СЛАВЕЈЌИ ГО ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ, СЕ ВОЗЕА НА КРОВ ПА ИСПОПАЃАА СРЕДЕ УЛИЦА: Дали прославата ги премина границите?

СЛАВЕЈЌИ ГО ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ, СЕ ВОЗЕА НА КРОВ ПА ИСПОПАЃАА СРЕДЕ УЛИЦА: Дали прославата ги премина границите?

Демант на студентски дом „Кочо Рацин“-Битола за текстот „Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм“

Демант на студентски дом „Кочо Рацин“-Битола за текстот „Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм“

ОБВИНИТЕЛСТВО ВО АКЦИЈА, ГИ БАРА „УНИШТУВАЧИТЕ“ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Известен е јавен обвинител

ОБВИНИТЕЛСТВО ВО АКЦИЈА, ГИ БАРА „УНИШТУВАЧИТЕ“ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Известен е јавен обвинител

„ДА НЀ ОЧЕКУВАВТЕ ДА ГО БАКНУВААТ ЗНАМЕТО, ПА СЕГА ГЛУМИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ“- ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Вријат социјалните мрежи

„ДА НЀ ОЧЕКУВАВТЕ ДА ГО БАКНУВААТ ЗНАМЕТО, ПА СЕГА ГЛУМИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ“- ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Вријат социјалните мрежи

СООБРАЌАЈКА ОД БУТЕЛ КОН ЖЕЛЕЗАРА: Комбе излета од лентата, удри во друго возило, дојде и Брза помош

СООБРАЌАЈКА ОД БУТЕЛ КОН ЖЕЛЕЗАРА: Комбе излета од лентата, удри во друго возило, дојде и Брза помош