И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ
Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 18:50
Покрај за цените, при денешната посета на скопски маркети од владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, малку падна муабет и за спортот.
Па се откри дека премиерот и тоа како добро ги слушнал жестоките реакции кои во јавноста се појавија по фудбалските манифестации на вицепремиерот Артан Груби со министрите од редовите на неговата партија ДУИ, во кнцеларијата во Министерството за политички систем.
Се се случи кога една жена која се претстави како поранешна ракометарка во еден од маркетите, со премиерот почна разговор за заеднички пријатели од Куманово.
А по тоа, Ковачевски кажа шега на сметка на министерот за економија Крешник Бектеши, со тоа укажувајќи дека е поранешен спртист, ама и сега се занимава со спорт.
– Еве го Бектеши, тој беше спортист на времето. Ама играше фудбал за Влазрими од Кичево, не ракомет. Порано играше за Влазрими, а сега игра за Артан Груби во канцеларија, таму дава голови и постигнува кошови – рече премиерот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




