И денес ќе се расправа за извештајот на Јанева
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Продолжува седницата на Комисијата за политички систем на Собранието на која вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева даваше одговор на прашањата кои и ги поставуваа пратениците.
Имено, на седниците се расправа за вториот шестмесечен извештај на СЈО.
Специјалната обвинителка вчера е поведена истражна постапка за повеќе лица а во однос на прислушуваните материјали рече дека тие ги доведуваат во прашање изборите од 2011-та година до сега.
Јанева од пратениците побара неколку работи.
Да се направат измени на членот 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за да се пролонгира рокот за работа на ова обвинителство, за да може да истражи кој незаконски прислушувал.
Потоа да се донесат измените на Законот за заштитени сведоци за да може СЈО автономно да постапува во заштитата на сведоците и да се имплементираат препораките упатени во мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста.
Пред членовите на Комисијата таа додаде дека не се плаши од никој и нема да си поднесе оставка а работата ќе ја истера докрај.