И КОТЕСКИ СЕ ЈАВИ: Што вели за сопартијците кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2018 06:37
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер додека беше во државата изјави дека „80 гласа за поддршка на Преспанскиот договор во Собранието е историски пресврт и го отвораат патот на европска иднина на Македонија и македонскиот народ.“
Палмер при оваа прилика се сретна со претседателот на Владата Зоран Заев, со повеќе претставници од албанските партии, но не и со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Се поставува прашањето дали тоа е некој вид на порака за Македонија и соопштението на Советот на Европа во кој се поздравува изразената волја на граѓаните . Од потребните 50+1, на референдумот излегоа 36,89 проценти од оние кои имаат право на глас. Меѓутоа, тоа не ги спречи Хан и Могерини да кажат дека „на референдумот мнозинството кажа да за Преспанскиот договор.
Иво Котески Директор на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ за „Правец“ рекол дека Македонија се соочува со голем проблем во овој момент. Како вели, станува збор за големи промени и идентитетот кој Заев сака да го промени.
-Постојат различни информации и предлози. Некои сакаат да помине време и да постои договор кој ќе и помогне на Македонија да го продолжи својот пат а да не го промени името и идентитетот-вели Котески, пренесуваат српски медиуми.
Тој додал дека ситуацијата е комплицирана а дека во Собранието имало драма.
-Седницата беше закажана и не успеа да се обезбеди двотретинско мнозинство. По сето тоа, се гласаше во 22 вечерта. Цел ден траеше драмата и тензиите, а собранието беше обиколено со специјалци. Се она што не е по европски стандарди-објасник Котески.
Осум пратеници, додал тој, не го издржале притисокот кој е вршен над нив со месеци, па ја изневериле партијата и сопартијците. Тие го изневериле, вели Котески, и Македонскиот народ. Покрај притисокот на референдумот, притисок од Меркел, и многу официјални лица и членови на ЕУ, народот не дал легитимитет помеѓу премиерот Заев и Ципрас - истакнал Котески.
Сепак, факт е дека и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, го поддржува влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, иако ВБ пред две години почнала излез од ЕУ..
-Тие сакаат Македонија да нема пречки за членство, но не ги интересира која е цената која ние ја плаќаме со овој договор-објаснува Котески.
Котески верува дека Заев би бил принуден на вонредни и парлментарни избори, а анкетите покажуваат дека тој тогаш би бил поразен.
-Ние тогаш би имале најмногу ингеренции и би можеле да ги пропагираме своите ставови за кои се бориме-додава Котески.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




