И ПОКРАЈ ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ СОВЕСТ НЕМА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров!
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2015
Утрово беше кобно за 76 годишен пешак.
Несреќата се случила околу 6:15 утрово кога во скопската населба Ѓорче Петров комби удрило во повозрасен маж кој според очевидци се движел по пешачкиот премин.
Според информации на МВР несреќата се случила на крстосницата помеѓу улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, кога возило од марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски таблички удрило во 76-годишниот скопјанец Благоја Н.
Пешакот од ударот починал на лице место.
Телото на прегазениот пешак е предадено на обдукција.
Инаку од денес на сила стапуваат новите казни за несовесни возачи.
Возачите во населени места ќе треба да возат до 50 километри на час, додека на автопат ограничената брзина е 130. Ова се дел од новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои од денеска стапуваат на сила.