И СИРИЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Поднесе писмено барање за членство во моќната економска организација

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2024 19:28
Сирија сака да се
приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, објави денеска
сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари.
Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи на таа организација, пренесе руската агенција Тас.
– Испративме писмено барање за прием во БРИКС – рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови геостратешки можности“.
Од јануари годинава уште пет земји - Египет, Етиопија, Иран и Саудиска Арабија, станаа членки на групата земји познати како БРИКС. Аргентина е поканета да се приклучи на оваа организација на големи земји со среден приход кои се исто така брзорастечки економии.
Сепак, новиот претседател Хавиер Мајли најави дека тоа нема да се случи.
Лидерите на БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - објавија претходно дека сакаат 40 земји да се приклучат на групата.
фото: EPA-EFE/ALEXEI DANICHEV
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател

СЕ СТРЕСОА НЕКОЛКУ ГРАДОВИ: Силен земјотрес го погоди Иран

OTКРИЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ: Кој ирански политичар беше мета?

ПУТИН: Рускиот и украинскиот народ се еден, цела Украина е наша

ИМАМ ВОДЕШЕ МОЛИТВА СО ПУШКА ВО РАКА: Иранка им порача на Израелците да спремаат ковчези

СЕ ОТКАЖУВААТ МНОГУ ЛЕТОВИ СО БЛИСКИОТ ИСТОК: „Ситуацијта е влошена“
