17 Декември, 2025
0.0362

И Србија ја евакуира амбасадата во Ирак

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2014 20:40

Добивај вести на Viber

Српското Министерство за надворешни работи објави дека привремено го евакуира персоналот од амбасадата во Багдад, заради новата криза во Ирак која добива размери на граѓанска војна. Вработените од дипломатското претставништво ќе бидат вратени во Белград. „Нашата амбасада во Ирак нема да биде затворена, бидејќи локалното население ќе ги извршува најосновните задачи и ќе одржува контакт со ирачките институции“, информираат од српското МНР. Ситуацијата во Ирак од момент во момент се влошува, а радикалните сили на Исламската држава Ирак и Левант постојано напредуваат и осовојуваат поголем дел од територијата во оваа земја. Францускиот шеф на дипломатијата Лоран Фабиус оцени дека се работи за „ситуација без преседан“, бидејќи за првпат една терористичка група е во позиција да се заканува дека ќе заземе цела држава.Извори на американскиот Конгрес денеска најавија дека американскиот државен секретар Џон Кери наскоро ќе отпатува за Ирак. САД изрази подготвеност да испрати 300 воени експерти во Ирак кои ќе ја советуваат ирачката Влада како да врати контрола врз територијата, додека воздушните напади засега се одложени откако ирачките безбедносни сили успеаја да ги одбијат екстремистите подалеку од главниот град Багдад. Путин на ирачкиот премиер му понуди целосна поддршка во борбата со џихадистите!

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави