И ТАМУ ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ: Утре патарината Петровец нема да врши наплата
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2015
Скопската обиколница останува затворена и денес во време од 05:00 часот до 18:00 часот поради снимањето на францускиот филм “A FOND”.
Поради истите потреби, снимање на филмот, во текот на утрешниот ден, од продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА продукција известуваат дека во сабота на 03.10.2015 од 05:00 до 18:00 часот, ќе се користи наплатната станица Петровец.
Тоа значи дека истата патарината кај Петровец ќе биде затворена и во двата правци, и ќе има соодветна патна сигнализација која упатува на заобиколување и нема да се наплаќа патарина.
Автопатот ќе функционира нормално и ќе биде отворен за соораќај.
Од снимањето на овој филм државата ќе заработи 280 илјади евра. После 28 септември, снимањето на филмот се сели на на автопатот Неготино-Велес каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.
Филмот што ќе се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници а негова премиера се очекува во јуни следната година.