15 Декември, 2025
0.0452

И ВО ОКТОМВРИ НЕ ЧЕКААТ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ги деталите

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2023 07:39

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски објави уште една метео прогноза за периодот што следи.

„ Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.

Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.

Да напоменеме дека и во следниот период ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

И во првите денови од месец Октомври ќе имаме “Мини лето” со пријатни температури на воздухот преку ден, а вие овие денови максимално искористете ги за уживање, или пак за правење на зимница“, прогнозира тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење