23 Ноември, 2024
0.0369

И „СТАВААТ“ ГРЕВ ДЕКА ДОСЕГА НЕ ОБЛЕКЛА СУДСКА ТОГА, ТАА ВЕТУВА „ЦРВЕН КАРТОН“ ЗА КОРУМПИРАНИТЕ СУДИИ - која е Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Со десет гласа „за„ и еден „против“, Весна Дамева вчера беше избрана за нова претседателка на Судскиот совет. Таа беше избрана како единствен предлог, откако нејзината претходничка Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка, на неколку месеци пред истекот на нејзиниот мандат, жалејќи се на непринципиелни притисоци. 

Според нејзината биграфија, Дамева е член на Судскиот совет од 2019 година предложена од Претседателот Пендаровски. Таа досега не била судијка. Работела како стручен соработник во Скопскиот кривичен суд во тимот на судијата Добрила Кацарска.

При вчерашниот избор, единствен глас „против“ беше оној на членката на Судскиот совет, Лорета Георгиева, која, пак, претходно побара гласањето да биде јавно, со кревање на рака.

Инаку, она што треба да се знае е дека функцијата претседател на Судски совет се избира со мандат од две години, а изборот се прави од членовите на советот, кои, пак, се избираат од Собранието.

Денеска со жестока реакција се јави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство“. 

„Вчера за претседател на Судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е партиски активист и член на партиската комисија за правда во СДСМ. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во Основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек дотурка до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, правосудниот систем е во колапс, а секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Тие ја споменуваат и оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска, која обвини за бизнис- судска клика.

Вчера, пак, новоизбраната претседателка на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева порача дека злото наречено корупција мора да се сузбие и дека нема место и втора шанса за корумпиран судија.

Дамева нагласи дека како претседател на Судскиот совет ќе работи и ќе се труди за исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија.

„Голем предизвика е да се биде на чело на Судскиот совет во овој реформски процес. По две години ќе ги направам горди членовите на Сускиот совет за дадената доверба, кога ќе покажам дека сум успеала задно со нив“, рече Дамева.

Во својата визија, Дамева рече дека приоритет ќе и биде да се направи чекор напред во борбата против корупција.

„Злото корупција мора да се сузбие. Оној судија што е корумпиран врз основа на факти и докази вратата за излез ќе му биде широко отворена. Нема место и втора шанса за корумпиран судија“, изјави Дамева.

Таа, исто така, посочи дека и транспарентноста и отчетноста ќе бидат еден од нејзините приоритети, уверувајќи дека Судскиот совет од денеска е отворен за сите прашања од јавноста.

Прашана кои се тие „судско-бизнис елити” за кои зборува Црвенковска како причина за отставка, Дамева рече дека не знае на што мисли Црвенковска, но дека загрижува тоа што како претседател на Судски совет таа била должна за тоа да го извести Советот, кој има механизми за справување со тоа. 

„Тоа криење, самото остава простор за сомнеж“, изјави Дамева

Со реакција за изборот на Весна Дaмева за претседателка на Судски совет се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој смета дека и самот избор е корупција, зашто на позицијата се поствува нестручно лице кое во даден момент ќе треба да испорача услуга.

„Од стручен соработник да конкурираш и да те изберат за претседател на Републички судски совет ти е исто како во војска од разводник да конкурираш за маршал“, коментира Тортевски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР