18 Мај, 2024
0.0268

Ибрахимовиќ со европска промоција на Volvo V90

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Шведската компанија за производство на автомобили Volvo Cars ја продолжува соработката со фудбалската икона Златан Ибрахимовиќ. Овој пат, нивната соработка се однесува на Европската кампања за промоција на новата премиум серија V90 пред почетокот на европското првенство.

2

Соработката меѓу шведските асови, официјално, пред јавноста беше лансирана вчеравечер преку националните телевизии и преку социјалните медиуми.

 Златан, кој во изминатиот период се подготвуваше за Европското првенство, чувствува голема поврзаност со шведската марка за автомобили.

3

 „Среќен сум што повторно соработувам со Волво. Ги видов новите автомобили, ги возев и тестирав. Фантастични се. Исто како и кај мене, Волво го трасираше својот пат со својот смел начин на размислување и делување. Минатата кампања која ја изработивме беше добра, но овој пат, таа е „направена од Златан“ (Made by Zlatan)“,рече Златан Ибрахимовиќ.

Новата кампања го претставува поранешниот напаѓач на клубот Париз Сен Жермен (Paris Saint-Germain) и долгогодишен симпатизер и возач на Волво (Volvo), Ибрахимовиќ од скромните почетоци во една од најтешките населби во Малме до спортски статус на светска ѕвезда.

Во прилог е видеото од кампањата: https://www.youtube.com/watch?v=_NvqCNqCcgE&feature=youtu.be

Според Андерс Густафсон, постар земник претседател во Волво Карс за Европа, Блиски Исток и АФрика, кампањата се базира на способноста да размислуваш поинаку.

„Кампањата е прослава на независниот и слободен ум, на моќта која лежи во способноста да размислуваш поинаку. Постојат многу сличности помеѓу Златан и Волво. Ние немаше да стигнеме тука каде што сме ако работевме како и другите“, вели Густафсон.

Надградувајќи се на неоспорната историја на Волво, новиот V90 претставува чекор напред во поглед на естетиката, материјалите и завршната обработка, оддржувајќи ја и достигнувајќи ја најпрактичната природа на секоја серија автомобили. Волво V90 може да се пофали со високо ниво на стандардна опрема, почнувајќи од системот за детекција на големи животни (Large Animal Detection) до втората генерација на Пилот Асистент (Pilot Assist), полуавтономна функција на возење.

Кампањата за новиот V90, исто така, го претставува уникатниот резултат на Ханс Цимер (Hans Zimmer), светски познат креатор на филмови и добитник на награда „Оскар“ од Академијата (Academy Award), како што се Гладијатор (Gladiator), Пиратите од Карибите (Pirates of the Caribbean), Инцепшн (Inception) и Интерсателар (Interstellar).

„Секогаш сум бил симпатизер на шведските икони - Абба и Златан. Работејќи на овој проект со Волво и Златан го искусив најдоброто од Шведска. Ова навистина е благородно искуство, “ рече Цимер.

Волво и Златан соработуваа во незаборавната маркетинг кампања во 2014 година, каде енигматскиот фудбалер ја рецитираше Шведската национална химна во исто време додека ловеше во далечните шведски шуми.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата