ИД повика: Наместо огномет - појаси со експлозиви
Објавено во: Свет 29 Декември, 2016
Џихадисти повикаат за напади на новогодишните празници во Европа.
Гупата „Исламска држава", ги повика поддржувачите на џихад организацијата да вршат напади врз цели во Европа за време на новогодишните празници и повикаа муслиманите да се држат настрана од христијанските празнични манифестации, пренесе Ројтерс.
Повиците беа упатени откако европските власти ги засилија безбедносните мерки поради крвавиот напад на Божиќен базар во Берлин, за што одговорноста ја презеде групата „Исламска држава".
Пораката содржеше слики на борци со огнено оружје и ножеви, слики на Дедо Мраз, елен и елка.
„Нивните празнични манифестации, клубови, пазари, театри, кина, центри и дури болници се идеална мета за вас"-се вели во онлајн обраќањето кон исламистичките екстремисти во Европа.
Во неа се вели дека ИД ќе го замени огнометот со појаси со експлозиви и експлозивни направи.