17 Декември, 2025
0.0402

Идната амбасадорка на САД во Скопје најави борба против корумпираните „играчи“ и „независност“ од Русија

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 09:42

Добивај вести на Viber

Анџела Прајс Агелер, номинирана од претседателот Џо Бајден за нова амбасадорка на САД во Скопје, најавува дека ќе и помогне на Македонија во борбата со корумпираните „играчи“. Ова дипломатот го најави на сослушувањето во Сенатската комисија за надворешни работи, пренесува Гласот на Америка.

„САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери“, рече Прајс Агелер во истакнувањето на своите приоритети во Скопје.

Таа додаде дека ќе ја поддржува и економската иднина на Македонија преку политики за зајакнување на инвестициската клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата и стабилноста.

Прајс Агелер најавува и „градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“.

Агелер, исто така, рече дека САД ја поддржуваат Северна Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

На сенаторско прашање, таа рече дека во Македонија „има голем број иницијативи за чиста енергија кои ќе им помогнат да се оддалечат од зависноста од Русија“.

Таа додаде дека очајно е потребна иницијатива за подобрување на целокупното владеење на правото во земјата.

Доколку биде потврдена за амбасадорка, Агелер рече и дека ќе работи на стратешкиот дијалог меѓу двете држави, преку продлабочување на воената соработка.


Можеби ќе ве интересира

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците