01 Ноември, 2024
0.0305

Идни студенти во ќорсокак: Не може да се запишат на престижни универзитети оти нема резултати од државната матура

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Завршени средношколци, идни студенти кои одлучиле да го продолжат своето образование на некои од странските универзитети, имаат проблем да ги фатат роковите за упис, затоа што уште чекаат на резултатите од државната матура. Тестовите ги завршија со полагање на 13 јуни, а според роковите Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите најдоцна за еден месец или на 13 јули. Сепак тој датум е многу подоцна од крајните рокови за упис на многу странски факултети, па револтирани ученици и родители деновиве бараат решение од Државниот испитен центар. Барале резултатот да им се даде порано за да стасаат, зашто инаку ќе изгубат цела година.

„Децата ги полагаа испитите од 1 до 13 јуни, и според информациите резултатите ќе се објават некаде пред крајниот рок за објава. Моето дете се запишува на Универзитет во Германија кој бара диплома преведена на германски и заверена во соодветна институција и во хард копи мора да биде доставена до Универзитетот до 15 јули. Кажете ми како да стасаме да го завршиме тоа. Револтирани сме затоа што се работи за одличен ученик со голем број на освоени награди од државни натпревари, има сертификат за германски јазик во напредно ниво и сега проблем е само еден лист односно дипломата. Зошто не може да се издаде порано, зошто да не им се излезе во пресрет на идните студенти, вели родител на дете кое аплицира на Универзитет во Германија кој котира високо на Шангајската листа.

Иста мака имаат повеќе ученици. На некои дипломата им треба до 6 јули, на други до 10 јули. Некои универзитети бараат електронски да ја добијат на увид, другите во оригинал. Сепак учениците се во неповолна ситуација и бараат решенија. Од Државниот испитен центар им рекле дека во текот на оваа недела ќе се знае како ќе се реши оваа ситуација. За повеќето, оваа неизвесност создава проблеми.

„Ние сами се финансираме, плаќаме и не е во ред, заради рокот на издавање на резултатите и дипломата од државната матура децата да не можат да си го остварат својот сон и да се запишат на саканиот универзитет” велат револтирано родителите.

Од Државниот испитен центар за Фактор неофицијално велат дека се запознаени со оваа ситуација и дека прават се резултатите да излезат порано.

„Има интенција резултатите да ги објавиме до 5 јули. Јасно ни е во каква ситуација се децата и родителите и сакаме да стигнеме до тој датум, а не до крајниот. После учениците кои сакаат да се запишат надвор ќе треба да достават изјава до училиштето каде што учеле дека нема да поднесат приговор и така дипломата може да им се издаде порано, велат од ДИЦ.

Инаку се тврди дека на оценувањето нема ургенции и притисоци.

Државната матура во Македонија се полага околу една деценија.  Имаше најави дека ќе се полага електронски, ама тоа ветување уште не може да се реализира.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?