ИФА 2014: Microsoft го претстави и Lumia 730 селфи телефонот
Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2014 16:57
Microsoft на ИФА 2014 саемот го претстави и својот прв селфи телефон, Nokia Lumia 730.
Се работи за смартфон кој се одликува со 4,7инчен 720p ClearBlack OLED екран како и Windows Phone 8.1 платформа. Што се однесува до хардверот, тука е Snapdragon 400 чипсет со процесор кој работи на 1,2 GHz и Adreno 305 GPU, како и 1 GB RAM меморија, 8 GB интерна меморија со слот за microSD картичка како и камера од 6,7 мегапиксели со LED блиц на задната камера.
Кога се работи за „селфи телефон“, тука е камерата од 5 мегапиксели од предната страна со 24 мм обејктив од широк агол (f/2.4).
Вреди да се напомене дека овој телефон ќе има две свои верзии каде првата ќе го носи името Lumia 735 која доаѓа со 4G LTE како и Lumia 730 со dual SIM можност и 3G. Lumia 730 чини 200 евра, додека Lumia 735 чини 220 евра, а ќе бидат во продажба веќе од текот на овој месец.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




