ИГМ на Гечев продава капитал од Макошпед
Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2021 11:54
Уготур го зголемува капиталот во Макошпед, а ИГМ Трејд на Илија Гечев продава акции во компанијата. Друштвото денеска извести дека Уготур АД сега поседува вкупно 18,9 отсто, а дека компанијата Игм Трејд Илија и др. ДОО го намалила своето учество и вкупно поседува 12,93 проценти од основната главнина на друштвото.
Веста дека Илија Гечев прегу ИГМ купува капитал во Макошпед во февруари 2019 година ја размрда инвеститорската јавност. Тогаш ИГМ Трејд вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата Макошпед. Овој капитал претходно го поседуваше скопската компанија Ултимус која тогаш по продажбата, повеќе не беше акционер во структурата на шпедитерската компанија.
За јавноста остана дилемата зошто Гечев купуваше акции во Макошпед. Тој е еден од најпознатите бизнисмени во државава и е еден од најбогатите.
ИГМ трејд постои од 1994 година и е една од најголемите извозни компании во Македонија. Станува збор за еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е на површина од 400.000 квадратни метри, а има капацитет од 200.000 тони годишно.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




