Игор Јанушев потсети што зборувале за СЈО изминативе години
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2019
Калајџиев изјавува дека на крај излегло дека СЈО служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ и дека намерата на Владата е СЈО да згасне, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.
„Тупанчевски пак тврди дека ние сме се покажале како незрело општество затоа што многу сме верувале во концептот на СЈО, а тоа ни се вратило како бумеранг. Се покажало дека таквото обвинителство (СЈО) има низа дефекти, не само законот, туку и луѓето кои биле дел од тоа обвинителство не докрај ја завршиле својата мисија, како што претходно најавуваа. Епа да де!!! Токму тоа. Тоа го зборувавме цело време во изминативе години? Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ! Исто така, интересно е дека за НВО секторот не било прифатливо ниту едно од предложените решенија, оти така немало да се има никаква автономија во гонењето на висока коруција и политичари. Дали со ова НВО секторот ни кажува, односно потврдува дека ЈО не е автономно и е под директива на водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ – Зоран Заев? Кој го има истиот став со месеци, односно години наназад? ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува Јанушев.
Тој бара оставка и предвремени парламентарни избори.