Игор Спасов ќе се бара со меѓународна потерница
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 20:44
За Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, вечерва е распишана меѓународна потерница, информира МВР.
Првично беше распишана национална потерница, но откако не е пронајден во земјава, по него ќе се трага и надвор од државата.
„Спасов Игор, од т.Слободанчо м.Аница, роден 22.12.1978 година во Штип каде и живее, се бара со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години и 3 месеци, пишува на сајтот на МВР.
Спасов на 18-ти требало самиот да се врати во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната, но тој не се појавил. Затвореникот неколку пати добивал прекин на издржувањето на казната поради лекување.
Спасов за убиството на Нешкоски е осуден на 14 години затвор, од кои одлежа половина. Убиството се случи при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.
Очекувам дека наскоро истрагата за бегството на осудениот Игор Спасов ќе успее да го пронајде поранешниот полициски специјалец, изјави премиерот Зоран Заев.Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави вчера локалниот Канал 77.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




