22 Ноември, 2024
0.0895

Играорецот од Самоиловата тврдина експресно ја плати казната од 1.100 евра

Објавено во: Македонија 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Играорецот кој беше прогласен за Персона нон грата откако го постави албанското знаме на Самуиловата тврдина во Охрид, експресно ја платил казната од 1.100 евра за да биде пуштен на слобода. Според локаните охридски медиуми, полицијата имала намера да го задржи се додека не ја плати паричната казна, а неговиот адвокат за „Алсат“ потврди дека потребната сума била исплатена до судот за кратко време по што тој веднаш ја напуштил Македонија во придружба на членови на МВР.

Судија на претходна постапка при Основен суд Охрид,изврши сослушување на  две лица приведени од страна на СВР Охрид,за вчерашниот инцидент, На играорецот Ѓерг Прекоцај,роден 1969 година во Косово, а со место на живеење во Лозана- Швајцарија , осуден е на глоба од 1.100 евра , истиот е прогласен за персона нон грата и доби забрана за влез во РСМ во времетраење од пет години.

Фолклорно играорна група вчераутро го постави знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид. Играорците сакале да направат перформанс и истото да го снимат на видео, а проблемот настанал кога било поставено знамето. Според медиумите на албански јазик, групата ја сочинувале т.н. Арбераши, односно Албанци кои живеат на југот од Италија, додека други објавија дека биле со потекло од Косово.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека поставувачите на албанското знаме во Охрид се културно уметнички работници и поради тоа казната требало да биде поблага.

Од Алијансата за Албанците сметаат дека истакнувањето на албанското национално знаме не било насочено како провокација против никого и дека тоа не претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет