ИКЕА СЕ РАСПРОДАДЕ И ЗАМИНА: Еве која земја остана без познатиот бренд
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024
Шведската компанија „Ингка груп“, која е сопственик на синџирот производи за домаќинство ИКЕА, го продаде својот последен имот во Русија – магацин во Есипово во близина на Москва.
Магацинот го купил бизнисменот Роберт Узилов, кој веќе поседува неколку слични објекти.
Експертите ја проценуваат вредноста на магацинот на околу 18 милијарди рубљи (повеќе од 170 милиони евра), земајќи ја предвид неговата опрема и добрата локација, пренесува Радио Слобода.
Ingka Group го отвори складиштето во 2003 година, постепено зголемувајќи ја својата површина на 18 хектари.
Центарот ги опслужуваше сите продавници на мало, генералниот директор на компанијата го нарече „клуч за развојот на ИКЕА во Русија“.
Како одговор на руската инвазија на Украина, ИКЕА ги суспендираше операциите во Русија во 2022 година и ги продаде сите свои главни средства во 2023 година: фабрики, мега трговски центри и седишта во деловниот парк Химки.
По руската инвазија на Украина, повеќе од 1.500 организации ги прекинаа своите активности во Русија, од кои 546 целосно ја напуштија земјата.
Според пресметките на Киевското економско училиште, по почетокот на војната, 11 отсто од странските компании го напуштиле рускиот пазар, а 43 отсто продолжиле да работат како порано.
Ало.рс