18 Декември, 2025
0.1054

„ИЛИНДЕН, ТИ БЛАГОДАРАМ! ПОБЕДА ОД 10 СПРЕМА 1“: Георгиевски се пофали со убделива разлика

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 22:14

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски прогласи победа по денешното гласање на локалните избори. 

Илинден, ти благодарам!

Победа од 10 наспрема 1.

Над 6.400 гласови за Александар Георгиевски, наспроти 650 за Жика Стојановски (СДС) и 525 за кандидатот на Левица!

Вашата доверба која што ми ја доделивте денес е потврда за сработеното изминатите 4 години, но дадена поддршка за визијата и програмата која што ја понудив пред Вас.

Поддршка да продолжиме да го градиме Илинден каков што сите ние го посакуваме - Чист модерен и достоинствен!

Ви благодарам од срце! - напиша Георегиевски на Фејсбук. 


Георгиевски е градоначалник на Општина Илинден избран на локалните избори во 2021 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Роден во јули, 1984 година, во Скопје, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнал со звање Дипломиран политиколог. Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитет „ФОН” во Скопје во 2013 година, на насока Европска и меѓународна политика и дипломарија.  
Георгиевски има професионално искуство во повеќе државни институции при што од 2008 до 2014 година работел во Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, како и во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот како помошник раководител на Сектор за услуги на инвеститори.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери