28 Март, 2024
0.0272

„Илинденска Македонија“ - име идеолошки прифатливо и за „леви“ и за „десни“?

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Илинденска Мекедонија“, име што звучи идеолошки прифатливо и за левицата и за десницата во земјата, за другите етникуми, религии и за соседите - односно термин што има потенцијал да достигне најголема позитивна опфатеност на сите засегнати групи и страни во процесот на барање решение.

Од една страна може да се каже дека со идеалите на социјалистичкото левичарско движење биле удрени темелите на Крушевската република, додека исто така, од друга страна, ВМРО како илегална организација се идентификува со комитското движење во истиот илинденски период.

- Вредностите од Илинденското востание се левичарски, како правда за сите, независност, промовирање на република наспроти монархија и најважно од се и другите етникуми, како Албанци и Власи, земале учество. Во периодот на „Илинден“ се создава никулецот на македонската државотворна свест, за преку АСНОМ на крај да се создаде унитарна Македонија - изјави Мариглен Демири од Левица.

Десничарите се повеќе резервирани, што е очекувано, но и самите признаваат дека името не и дава голем простор за маневар на опозицијата.

- Со ова име, Македонија се откажува од античкото минато, но истовремено му ги врзува рацете на ВМРО-ДПМНЕ да делува пожестоко против промената на актуелното уставно име - вели Атанас Стамнов, еден од водачите на Студентските протести во 1997-ма.

Професорот на УКИМ и поранешен министер за образование, Ненад Новковски, член на ВМРО-НП, чии општински комитети имаа слободно право да коалицираат по свој избор на последните локални избори, смета дека името е поприфатливо од сите други претходно споменати комбинации.

- Од мое лично познавање, сметам дека е најдобар избор од аспект на неутралност и објективност - вели Новковски.

Според  последните изјави, името е прифатливо и за Бугарија, земјата со која оваа година ќе мора заеднички и официјално да се одбележи празникот 2 Август.

„Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја“, смета Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.

Не би требало да има проблем ниту со некоја од соседните црковни патријаршии.

- За време на илинденскиот период оние што ја посакувале слободата најмногу воопшто не ги интересирало црковни прашања и не им било важно дали ќе бидат под Егзархијата или под Патријаршијата - вели професор по историја кој во овој случај сакаше да остане анонимен.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“