ИМА ДОГОВОР: Ковачевски кажа кога ќе гласаме
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2023 15:39
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата успеала да креира стабилност, извесност и предвидливост, со оглед дека првпат после долго време ќе имаме редовни, а не предвремени парламентарни избори.
После денешното одржување на лидерската средба, премиерот порача дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на април, а редовните парламентарни на почетокот на мај.
Ковачевски предложил на 24-ти април да бидат првиот круг претседателски избори и 8-ти мај за втор круг претседателски и воедно парламентарни избори.
„На средбата заклучивме дека редовните избори ќе се одржат на тие датуми. Техничка влада ќе има од 28 јануари и законската обврска ќе се исполни, како и коалицискиот договор со ДУИ“, кажа Ковачевски.
Сто дена пред изборите ќе биде формирана техничка влада, пришто според коалициониот договор, премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




