17 Декември, 2025
0.0681

Има договор меѓу Скопје и Приштина!

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 20:12

Добивај вести на Viber

Приштина и Скопје постигнаа договор за надминување на трговската криза и слободно движење меѓу двете земји. Како што пренесува А1он, онлајн-изданието на приштинскиот весник „Експрес“ објави дека има потврда за договорот. „Потврда за ова доаѓа од кабинетот на потпретседателот на косовската влада, Харедин Кучи, кој денеска имал интенизвни консулатаиции и комуникации со официјално Скопје за да се најде решение во врска со ембаргото од косовска страна за производите од Македонија, а од друга страна да се укине влезната такса за граѓаните на Косово, која се применуваше како противодговор од македонска страна“, пишува весникот „Експрес“. Според Дритан Лајчи, советник на Кучи, класичен договор засега нема, но има согласност дека ќе се врати состојбата каква што беше пред донесувањето на одлуките за ембарго од косовска и за влезна виза од македонска страна. „Договор во класична форма нема, туку договор за враќање на состојбата како порано, како што беше пред блокадата“, изјавил Лајчи. Според него, доколку оди се како што е планирано подоцна двете влади ќе излезат со официјални соопштенија.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи