15 Мај, 2024
0.0258

Има ли излез за металската индустрија, прогнозите сè поцрни!

Објавено во: Економија 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Со влошени проекции и очекувања, металската индустрија е исправена пред тежок период. Не само за годинава, туку и до година прогнозите не навестуваат оптимизам. Цените на банакрот и на никелот и натаму се намалуваат. Најновиот септемврсики Извештај на Народната Банка не носи оптимизам за овој бизнис, кој се смета за еден од носечките во креирање на Бруто Домашниот Производ. Според проценките на НБРМ и до година, цените нема да растат. “Сегашната проценка вклучува значително подлабок пад на цените на бакарот и никелот во третиот квартал од 2013 година, во споредба со априлската проекција, а надолна ревизија на цените на овие метали е извршена и за текот на целата година“ – пишува во Извештајот. Како причина за ваквата состојба со цените на бакарот се посочува побарувачката од Кина, додека песимистичките очекувања за никелот се одраз на недоволната глобална побарувачка, но и на зголеменото ниво на залихи. Дел од бинисмените алармираа дека металуршкиот бизнис уште од почетокот на годинава се соочува со проблеми. “Планиравме да ги затвориме погоните во текот на август, но добивме нарачка од Шпанија и од Германија по што го отворивме погонот на Челичарница а сега ќе почне со работа и Валавница. Оваа нарачка е „кампањска“. Генерално, нарачките од странство се во количини што не обезбедуваат издржано производство во континуитет “, изјави неодамна  за “Фактор“ Митко Кочовски од компанијата Макстил. Пораст на цените не се очекува ниту догодина, па така во септемврискиот Извештај се посочува : “За 2014 година исто така е извршена надолна ревизија на проекциите, при што сега се очекува минимално послаб раст на цената на бакарот, како и пад на цената на никелот, наспроти очекуваниот раст во априлските проекции .“ Стопанстениците од овој сектор сметаат дека и со сегашните цени се работи нерентабилно. Анализиата на финасиското работење на најголемата челичарнича во земјава, Макстил, покажа дека оперативната добивка на  комапнијата за првото полугодие е 571.200 евра. Челичарницата инкасираше 30,8 милиони евра од продажба, наспроти острварените 46,6 милиони евра во првите шест месеци лани, што е пад од околу 33%. Од продажба на домашниот пазар во периодот јануари-јуни 2013 година Макстил инкасираше 5,4 милиони евра, наспроти собраните 8,5 милиони евра лани. Пад на продажбата на странските пазари од 33% челичарницата регистрира во овој период, инкасирајќи 25,4 милиони евра годинава. Нови, корегирани проекции и за цената на нафтата. Нема да се намалува како што се очекуваше. “Новите проекции упатуваат на понизок годишен пад на цените во втората половина на годината, главно како резултат на неизвесност а и Зголемените тензии на Блискиот  Исток. “ – констатира најновиот Извештај на народната Банка. Годинава се очекува пад на цената на нафтата од 4,3 %. Според НБРМ и натаму се присутни факторите коишто упатуваат  на потреба од поголема претпазливост при водењето на монетарната политика. “Ова во голема мерка се однесува наjнеизвесното надворешното окружување, при надолни ревизии на  оцените за странската побарувачка и на цените на металите на светскиот пазар, што може да има неповолни ефекти врз надворешната позиција на македонската економија“ – пишува во анализата на Централната Банка.

Можеби ќе ве интересира

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој