17 Декември, 2025
0.0353

Има ли крај моќта на Цукерберг?

Објавено во: Свет 24 Април, 2015 08:02

Добивај вести на Viber

Facebook - социјалната мрежа, која често се наоѓа на врвот на листите со најдобрите места за работа, го зголемува бројот на своите вработени со неверојатно темпо.

Компанијата, која во средата ги објави финансиските резултати за кварталот, минатиот месец ја помина границата од 10 илјади вработени. На крајот на март фирмата имала 10 082 вработени - тоа е зголемување на работната сила за 48% во однос на истиот период минатата година.

Тоа е голем скок, кој нема како да не биде забележан. Google не да ги објави резултатите до четвртокот, но компанијата која често е запрашана за брзото темпо на вработување на луѓе, се радува само на 12% раст на бројот на новите вработени во 2014 година.

Сигурно Google е пет пати поголема од Facebook, но компанијата за онлајн пребарување всушност го намалила бројот на вработени од вториот до четвртиот квартал од минатата година, делумно поради продажба на Motorola Mobility на Lenovo.

Запрашан за брзината на вработување на нови луѓе, главниот финансиски директор на Facebook Дејв Винер изјави дека компанијата е во пораст насекаде и овој раст бара повеќе истражување и развој.

"Продолжуваме да сме задоволни од нашата способност да се привлечат и задржат големи таленти", додава тој.

Главниот финансиски директор тврди уште дека високиот раст на бројот ново назначени во Facebook во последната година се должи на неколку големи аквизиции, вклучувајќи на Oculus, LiveRail и WhatsApp. Тоа не е сè. Овие фирми беа мали, кога Facebook ги купи. Oculus беше на помалку од две години и имаше само 75 вработени, кога Марк Цукерберг постигна договор да се здобие со стартапот кој се занимава со проекти во сферата на виртуелната реалност. Рекламната компанија LiveRail имаше 170 вработени. За мобилната апликација за комуникација WhatsApp пак работеа 55 лица.

"Тие вработуваат масовно", коментира Брајан Визер, аналитичар на Pivotal Research. "Се започна со Instagram".

Мобилната апликација за споделување на фотографии имаше 13 вработени во 2012 година, кога беше купена од Facebook за 1 милијарда долари. Сега за неа работат околу 200 луѓе. Оваа успешна приказна, како и другите договори склучени по неа, доведоа до тоа дека Цукерберг имаше добра волја да продолжи да ангажира уште и уште луѓе, коментира Визер.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави