Има ли некој што не го сака? Кој во Македонија прави милиони од сладолед???
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2022
Како заработуваат македонските големи производители на сладолед? Лани сосема пристојно затоа што на профит останувале солидни суми. Најголем домашен производител на сладолед убедливо и неприкосновено е битолски „Цермат“ со добивка од 3 милиони евра, а скопски НЕХО има профит кој изнесува 28% од приходите на компанијата
Кралот на десертите – сладоледот! Има ли некој што не го сака? Во лето и во зима, од најмало до најстаро секој сака да се освежи, разлади или разблажи со сладолед. Без разлика дали е топче или стапче, во корнет или канче сите ние го обожаваме.
Сладоледот веројатно е број еден светски десерт. Според официјални податоци достапни на „Википедиа“ најголеми потрошувачи на сладолед се Америкацијте поточни жителите на САД. „Википедиа“ пишува дека јадат просечно годишно 23 литри сладолед. Најпознатите производители на сладолед се Тип Топ (Tip Top), Стритс (Streets), Питерс (Peters), Сара Ли (Sara Lee), Кадбери (Cadbury), Баскин-Робинс (Baskin-Robbins) и Меги Бир (Maggie Beer). Во Нов Зеланд, Австралија и Јапонија е многу популарен хоки поки (hokey pokey), вид на сладолед кој потекнува од Нов Зеланд.Италијаните се мајстори за сладолед светски признати и далеку познати по својот „Џелато“, а Грците по „Пагота“. Традиционалниот аргентински сладолед е наречен „хеладо“ (helado).
Како е во Македонија?
Во недостиг на официјална статистика за тоа колку сладолед јаде просечно државјанин на Македонија мора да се задоволиме со фактот дека во базата на Централниот регистар има повеќе од 100 фирми кои во својата дејност меѓу другото имаат регистрирано и производство на сладолед.
Убедливо најголем производител на сладолед од Македонија е битолската семејна фирма „Цермат“ чии сопственици се Зоран Ристевски и Виолета Ристевска Лазич. Нивниот приход лани надминал 1 милијарда денари односно повеќе од 17 милиони евра. Добивката на компанијата е речиси 3 милиони евра.
Втор сладоледџија лани според остварениот приход од продажба е НЕХО лоцирана во скопската општина Шуто Оризари. Нивните приходи лани изнесуваат 2,7 милиони евра и се повисоки за речиси 30 отсто во споредба со 2020 година. Добивката на ова друштво лани изнесува 748.000 евра и е за 70 отсто повисока од претходната година.
Битолскиот гигант добил и свој ривал. Макар по тоа што користи сличен назив. Станува збор за битолската фирма „Цермат Сладолед“ сопственост на Горан Микаровски. Ова друштво лани остварило приходи од 641.000 евра и тоа е во рамки на работењето во 2020 година. Добивката лани изнесува 33.000 евра и тоа е речиси три пати подобар резултат од претходната година.
Во големата четворка производители на сладолед е и македонскиот производител со италијанско име „Дежаву Целато“. Ова друштво со седиште во Скопје лани продало сладолед во вредност од 590.000 евра и од тоа заработило 28.000 евра.
ФОТО: YouTube Print Screen* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.