04 Септември, 2024
0.0242

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат

Објавено во: Економија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Цените на градежните материјали имаат многу мало намалување објави Државниот завод за статистика, но од друга страна има раст на трошоците за работниците во градежништвото. Иако во Македонија платите се ниски, сепак, градежниот сектор не покажува знаци на стагнација, ниту пак знаци за намалување на цените на недвижностите.

-  Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,1 отсто, трошоците за материјали за 0,7 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 1,2 отсто – наведуваат статистичарите, но од друга страна многу поголеми се разликите ако се прави споредба на годишно ниво.

Имено, во споредба со вториот квартал 2023 година трошоците за материјали за 11,8 проценти, но трошоците за вработените се повисоки за 5,8 отсто.

Последните податоци на Народната банка пак покажаа дека цените на недвижностите во Скопје се зголемиле за високи 11,5 проценти во вториот квартал од годинава.

Цените на недвижностите во Македонија по почетокот на пандемијата, но особено по почетокот на војната во Украина значително пораснаа, што се должеше и на растот на цените на градежните материјали, но и на поскапувањето на работата рака.

По интензивниот период на поскапување на недвижностите, кој започна во четвртиот квартал од 2021 година, но продолжи и низ 2022 одина, лани беа забележани први знаци на стагнација на цените на недвижностите.

Имено во првиот квартал од годинава растот на цените беше само 4,7 отсто, додека квартал претходно, или четвртиот кваратал од 2023 година растот на цените беше 6,9 отсто.

Претходните квартали беа забележани повисоки стапки на раст на цените на недвижнините, при што врвот беше достигнат во третиот квартал од 2023 година кога поскапувањата достигнаа 21,3 отсто.

Градежниците кои ги контактиравме велат дека нема простор за намалување на цените на недвижнините, нагласувајќи дека ниту цените на градежните материјали, ниту пак останатите трошоци не оставаат простор за поевтинување.

Сега цените на недвижнините во главниот град се движат од 1.300 евра нагоре за метар квадратен, а веќе имаме локации или градби во централното јадро кои се продаваат по цени кои надминуваат 2.000 илјади евра, но и такви за кои се бара 3.000 евра.

Упатените уверуваат дека цените се слични со соседите, што е резултат на цените на градежните материјали, но и на работната рака која ја има се помалку.

-  Имаме слични цени со регионот, можеби малку пониски, зависно од локацијата во Скопје, или локацијата во другите градови, но секако најпримамлив е главниот град. Ако цените на градежните материјали не се променат, и ако нема драстичено намалување, заминување на работната сила, во наредниот период не би требало да растат, но не можеме да гарантираме – вели градежник познат во нашата редакција.

Побарувачката според упатените не е намалена, напротив, особено за Скопје секогаш има купци.

-  Интерес има, продажбата не е секогаш со ист интензитет, но се продаваат становите. Нас не ни се случило некој стан да остане непродаден подолг период. За неколку месеци вообичаено становите се продаваат, сепак, е тоа скап продукт, кој не може веднаш да се продаде. И понатаму локациите играат главна улога, местоположбата и очекувањата за развој на една локација – велат од една агенција за недвижности во Скопје. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Мицкоски: Прво ќе има тендер за трет мобилен оператор

Мицкоски: Прво ќе има тендер за трет мобилен оператор

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?