03 Септември, 2024
0.0268

Мицкоски: Прво ќе има тендер за трет мобилен оператор

Објавено во: Економија 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека потпишаниот меморандум со унгарскиот 4iG е необврзувачки и дека прво ќе се распише тендер за влез на трет голем мобилен оператор во земјата, кој подоцна преку зголемување на конкуренцијата би ја намалил цената на услугите.

„Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со којшто компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, иначе таман работа сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании кои што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски објасни дека тендерот ќе биде распишан според законските прописи во периодот што следи.

„Сега моментално компаниите коишто се заинтересирани, можеби ќе има и други коишто ќе потпишат ваков меморандум, го анализираат пазарот и периодот којшто следи, наш интерес и интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција и пониски цени. Интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада“, истакна претседателот на владата.

Можеби ќе ве интересира

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

НОВА ТРГОВСКА АРТЕРИЈА: Мега-инвестицијата, Истанбулскиот канал го претвора градот во центар на светската трговија

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

84.000 НОВИ КРИПТО МИЛИОНЕРИ: Дали ова е моментот за инвестирање?

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

ЕСМ Продажба по само еден месец стави нов директор

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

СОПСТВЕНИКОТ НА ЛУЈ ВИТОН СЕ ПОДНОВИ: Арно купи пет фирми за вештачка интелигенција за 300 милиони долари

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Сите спремни! Ќе се дели најголемата македонска дивиденда вредна 36 милиони евра, кои се среќните добитници?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат

ИМА ЛИ ПЛАФОН ЗА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ?! Наспроти очекувањата недвижностите пак поскапуваат